Димитриевски за снимката на распеаниот Ахмети: Македонските граѓани не се чуствуваат среќни, а политичарите им пејат

Максим Димитриевски Градоначалникот на Општина Куманово во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека ДУИ со државава владее, а СДСМ е нивен привезок.
Тој ја искоментира и видео снимката на која Ахмети пееше заедно со косовниот пејач Илир Шаќири.
„Она што денеска се случуваше со пеењето на песни по кабинети. Видете, јас не плаќам даноци и такси за да вие како мои избраник седите во кабинет и пеете. Тој кабинет се финансира со парите на граѓаните, па да пеете доколку граѓаните ви се среќни, но во Македонија на сите анкети граѓаните не се чувствуваат среќни, а политичарите им пејат“, вели Димитриевски.
Вицепремиерот Артан Груби на Фејсбук објави видео на кое Ахмети во друштво на познатиот косовски пејач Илир Шаќири, пеат патриотска песна.
Груби под објавата напиша „Нацијата е прва меѓу нас вечерва. Заедно за ЕУ“.