Димитриевски за Куманово: Бараме да се затвори градот, но досега не наидовме на разбирање

-Константно се врши дезинфекција на сите површини во Куманово. Бараме контиунирано да се затвори градот, на кое што досега не наидовме на разбирање. Ние ќе ги почитуваме мерките и се надевам дека набрзо ќе најдеме решение, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Тој додаде дека се планира набавка на дополнителна количина дезинфекциски средства и дека на крајот Македонија ќе ја добие битката со коронавирусот.

-Кумановчани се многу горди и многу темпераментни луѓе и мислам дека ќе ја пребродиме ситуација. На крајот и Куманово и Македонија ќе победат. Имаме мали залихи на дезинфекциски средства, но одвоивме средства истите да ги набавиме. Во моментов се врши интензивна дезинфекција, додаде Димитриевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот