Димитриевски: Во второто полувреме ја прикажавме најдобрата игра досега на ЕП

Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Столе Димитриевски беше најдобриот македонски репрезентативец во поразот од Украина. Чуварот на мрежата одбрани еден пенал, а имаше и неколку одлични интервенции, но за жал Македонија на крајот не успеа да дојде до барем еден бод.

– Досега одигравме два натпревари, и на првиот мислам дека одигравме доборо со со тактички грешки за кои бевме казнети. Денеска, посебно во второто полувреме ја прикажавме најдобрата игра досега на ЕП, рече Димитриевски.

-Што се однесува до одбранетиот пенал, ние разговараме со тренерите, со играчите, гледаме видеа, ги анализираме противниците и вежбаме за нив. Реално ги имаме простудирано сите противнички играчи. На последниот натпревар во групата против Холандија одиме на победа или барем на бод – вели Димитриевски.

Фудбалерите немаа среќа, Украина го „преживеа“ второто полувреме и ги освои бодовите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот