Димитриевски со најмногу одбрани по првите две кола во „Ла Лига“

Димитриевски
Димитриевски игра во одлична форма сезонава за Рајо Ваљекано/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Во прав момент и за селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, голманот Столе Димитриевски веќе блеска на почетокот од новата сезона во најсилната шпанска лига.

Денеска Милевски го објави списокот за септемвриските квалификациски натпревари за СП 2022, а во истиот е и Димитриевски кој секако очекуваме да биде прва опција и за дуелите со Ерменија, Исланд и Романија.

На својот официјален Твитер профил, шпанската „Ла Лига“ објави дека македонскиот чувар на мрежата има најмногу одбрани.

Неговиот клуб Рајо Ваљекано не стартуваше најдобро во шампионатот со два порази, на гости кај Реал Сосиедад (1:0) и Севиља (3:0).

Севкупно досега има 12 одбрани од 161 минута на терените, три повеќе од Матијас Дитуро (Селта), по осум Ескандел (Кадиз) и Херемиас Ледесма (Кадиз), по шест имаат Нето (Барселона) и Кико Касиља (Елче).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот