Димитриевски се сретна со противкандидатите, најави дека ќе ги вклучи нивните идеи во заедничка програма за Куманово

Средба на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски со противкандидатите / фото: Фејсбук

Суштинските проекти од програмите на сите кандидати за градоначалници во Општина Куманово ќе се инкорпорираат во една заедничка програма и во следните четири години ќе се спроведат, најави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, на денешната средба со кандидатите за градоначалници: Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ и Беким Салиу од АА/А.

На средбата се разговараше за реализацијата на проектите со кои противкандидатите настапија на Локалните избори 2021, подобрување на општината, како и за подобар квалитет на живот на сите кумановци.

– Куманово се одважи и покажа заедништво, ова е патот по кој мора да се движиме. Тоа им го должиме на граѓаните, на себе и на нашите деца. Ветувам работење исклучиво во интерес на сите граѓани, затоа што граѓанскиот интерес е пред сè! Општината и во следните четири години е отворена за сите граѓани, организации, институции, за сечија идеја и делување за подобрување и унапредување на Куманово, напиша Димитриевски.

Тој додаде дека Општината секогаш ќе биде отворена и за неговите противкандидати, затоа што, како што пишува „за интересите на граѓаните мораме да бидеме обединети и сложни”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот