Димитриевски позитивен на Ковид-19, селекторот веднаш најде замена!

фото: ffm.mk

Голманот на македонската А репрезентација, Столе Димитриевски е позитивен на вирусот „Ковид-19“ и нема да допатува во Скопје за подготовките на А репрезентацијата за натпреварите против Ерменија и Грузија.

Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија во текот на вчерашниот ден, пред полетување за Скопје, нашиот репрезентативен голман ги добил резултатите од тестирањето кои за жал, покажале присуство на вирусот Ковид-19.

Селекторот на сениорите, Игор Ангеловски прати дополнителен повик на голманската позиција за Мартин Богатинов кој ги брани боите на кипарскиот клуб Етникос Ахна.

Исто така, поради повреда на предната ложа (Qudriceps), подготовките на А селекцијата ги завршува Даниел Аврамовски.

Аврамовски и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турската екипа Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија и Грузија.

Алиоски: Да и покажеме на Ерменија дека сме подобри, пласманот ЕП е главна цел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот