Димитриевски: Не ја победивме Барселона, но многу сме среќни со бодот

Димитриевски не дозволи Левандовски да постигне гол/фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Голманот на македонската репрезентација Столе Димитиевски имаше уште една одлична партија против Барселонасо која ги излуди ѕвездите на каталонскиот тим.

Во ремито на Барселона и Рајо Ваљекано (0:0) што се играше на „Камп Ноу“ Димитриевски беше прогласен за играч на натпреварот и притоа успеа на трет натпревар по ред да ја сочува сопствената мрежа во дуелите со каталонскиот тим.

– Не победивме, но многу сме среќни. Минатата сезона ги победивме и сакавме да го направиме истото повторно. Имавме план, не можевме да победиме, но среќни сме со бодот и чистата мрежа. Секогаш се трудам да дадам сè од себе. Работам многу за да му помогнам на тимот и среќен сум поради тоа – вели Димитриевски.

Димитриевски по втор успева да ја сочува мрежата недопрена и тоа на „Камп Ноу“

– Тука е многу тешко да се зачува чиста мрежа, но ние направивме одлична работа во одбраната. Успеавме да ја оставиме Барсеона 180 минути на нула на „Камп Ноу“ и тоа е неверојатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот