Димитриевски ќе игра во Ла Лига следната сезона, Хетафе најзагреан за негов трансфер

Три екипи од најсилната шпанска лига доставија понуди до Рајо Ваљекано за услугите на македонскиот репрезентативец.

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, наредната сезона ќе игра во Ла Лига, бидејќи се наоѓа пред трансфер во Хетафе.

Димитриевски сезонава брани за екипата на Рајо Ваљекано, но не успеа да обезбеди пласман во Ла Лига, и шпанските медиуми пренесуваат дека тој ќе побара трансфер бидејќи за него има интерес од три екипи.

Најконкретен засега е тимот на Хетафе кој веќе испратил понуда до Рајо Ваљекано со што започнаа преговорите и медиумите сметаат дека во најскоро време ќе се реализира трансферот.

Освен Хетафе голем интерес има и од Гранада, поранешниот тим на Димитриевски кој исто така достави понуда како и од Еибар.

Столе Димитриевски професионалната кариера ја започна во Работнички, а првото интернационално искуство му беше во Италија каде потпиша за Удинезе по што се сели во Шпанија и брани за Б-тимот на Гранада, Кадиз, првиот тим на Грандан, Химнастик и Рајо Ваљекано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот