Димитриевски има нова понуда од шпанската „Ла Лига“

EPA-EFE

Македонскиот репрезентативен голман кој денеска се најде на списокот играчи за претстојните први натпревари од Лигата на нации повторно е на „радарот“ на клубовите кои настапуваат во најсилната шпанска лига.

Столе Димитриевски моментно ги брани боите на второлигашот Рајо Ваљекано, но можно е повторно да настапува во најквалитетната „Ла Лига“.

Пред еден месец нашиот чувар на мрежата доби понуди од три клуба, Хетафе, Гранада и Еибар. Од сите екипи најголем интерес покажува составот на Гранада (член на „Ла Лига“) која претходно веќе соработуваше со Димитриевски.

Покрај нив, уште еден тим кој лани во најсилното шпанско првенство, Валенсија ја следи ситуацијата со Македонецот.

Составот од „Местаља“ сигурно ќе смета на услугите на Доменек за следната сезона, а Силесен кој веќе долг период бара нова средина, можно е да се пресели во Астон Вила, иако сеуште нема најава за трансфер. Доколку тоа се случи тренерот Хави Гарсија можеби ќе се обиде да го обезбеди потписот на Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот