Димитриевски и Рајо славеа над Валенсија и ја прекинаа серијата од порази во Ла Лига

Фото: EPA-EFE/SERGIO PEREZ

Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано славеа со 2:1 против Валенсија во рамки на петтото коло во Ла Лига.
Со триумфот, Рајо ја прекина мини серијата од два порази по ред што ги доживеа во дуелите со Осасуна и Мајорка.

Рајо Ваљекано поведе уште во петтата минута со голот на Палазон, а на стартот од вториот дел, во 52. минута Нико си постигна автогол за водство на домашниот тим од 2:0.

Малку фалеше Димитриевски да ја зачува сопствената мрежа бидејќи Валенсија го ублажи поразот во 93 минута преку Диакаби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот