Димитриевски го продолжи договорот со Рајо Ваљекано! (ФОТО)

EPA-EFE

Македонскиот репрезентативен голман останува уште долго во Шпанија, уште четири години ќе ги брани боите од Мадрид.

Денеска официјално како што информираат од клубот, македонскиот репрезентативен голман стави нов потпис. Нема намера да ја напушти Шпанија, односно уште четири години ќе биде во клубот од Мадрид.

Двете страни се согласија за продолжување на соработката, односно Столе Димитриевски ќе остане во екипата на Рајо Ваљекано со 30 јуни 2024 година.

Потсетување дека нашиот чувар на мрежата во Рајо дојде од составот на Химнастик, а претходно во кариерата беше дел уште од Работнички, Гранада и Кадиз.

Димитриевски кој ја поминува и третата година во Рајо, сезонава во шпанската „Сегунда“ има вкупно 16 настапи.

Неговиот клуб Рајо Ваљекано моментно се наоѓа на 11. место со 33 бодови, далеку зад водечките Кадиз (48) и Алмерија (45).

За најдобрата македонска репрезентација со која годинава ќе брка историски пласман на Евро 2020, досега има вкупно 34 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот