Димитриевиќ ја напушта Валенсија по само една сезона?!

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ /Фото: facebook.com/valenciabasket

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ би можел во летниот преоден рок да ја напушти екипата на Валенсија и во следната сезона да не биде дел од Евролигата.
Според шпанските медиуми, Димитријевиќ наводно не се наоѓал во плановите на новиот тренер на Валенсија, Алекс Мумбру кој го информирал македонскиот репрезентативец дека може да си бара нов клуб.

Димитријевиќ минатата година потпиша четиригодишен договор со Валенсија која доби вајлд карта за настап во Евролигата по суспензијата на руските екипи ЦСКА Москва и Зенит.
Како можен нов клуб на бекот на „црвено-жолтите“ се споменува екипата на Гран Канарија.

 

Видео на денот