Димитриевиќ против Барселона во плејофот  

Екипата на Хувентуд за која настапува македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ со победа го заврши регуларниот дел од сезонава во силната АЦБ Лига. Противник во првата рунда во разигрувањето за титулата ќе биде градскиот ривал Барселона.

Екипата на Хувентуд во последното коло од регуларниот дел од сезоната со 86:78 го победи Естудијантес. Домашниот тим победата над жилавиот противник ја оствари на стартот од последната четвртина кога со серијата од 9:2 дојде до предност која му овозможи мирен финиш на натпреварот.

Димитријевиќ на паркетот мина речиси 13 минути, а натпреварот го заврши без постигнат поен но содве асистенции.

Стартот на плејоф пресметката помеѓу Барселона и Хувентус стартува на 31 мај, а пласман во полуфиналето ќе обезбеди екипата која прва ќе дојде до две победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот