ВИДЕО I Димитриеска-Кочоска до Петров: Манипулирате со една милијарда евра, ковид мерките се 344 милиони евра

Фото: youtube/printscreen

Сетот мерки не е една милијарда евра, туку е 344 милиони евра или 8.3 проценти од буџетот, истакна Гордана Димитриеска – Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во емисијата „24 Анализа” на ТВ 24 со директорот на Фондот за иновации, Коста Петров.

– Дали Вие разбирате математика господине Петров? – Имате преклопување на мерките. Значи манипулирате со една милијарда. Кога сме кај ковид мерките од Развојна банка, 31 милион евра требаше да бидат реализирани во месец септември, а тие беа објавени во месец декември. Значи со се доцните. Јули, август и септември немаше никакви мерки. За квартал четири, вкупните планирани приходи беа планирани за 6,3 проценти поголеми во однос на 2019 година, а завршивме со 5,2 проценти помалку во однос на 2019 година. Дали е тоа некаков сигнал дека нешто се случува во економијата. Не може едно да сме планирале, а друго да сме оствариле и да кажеме добри сме. И повторно ќе кажам имаме преклопување на мерки. Еве Вие кажете дали 3-тиот и 4-тиот пакет ќе бидат плус или еден, односно една мерка е тоа, рече Димитриеска – Кочоска.

Околу зголемувањето на невработени лица, Димитриеска-Кочоска посочи дека 52 лица ги загубиле своите работни места во време на корона-кризата. Во однос на просечната плата, таа истакна дека многу е битно да се знае како се пресметува просечната плата за да се знае точно дали таа е порасната или не.

– Да замислиме дека постојат тројца вработени од кои двајца земаат по 20.000 денари и едниот зема 10.000 денари. Значи вкупно имаме 50.000 денари. Делено на три доаѓа некаде 16.600 денари. Овој со ниската плата ја изгубил работата и остануваат оние со по 20.000 денари плата. Сега 40.000 денари поделено на два се 20.000 денари. Им порасна ли платата на овие со 20.000 денари? – Секако дека не им порасна. Значи ова е факт. А во овој период ниско квалификуваните ја губат работата. Тие 20.000 денари останаа исти, само поради различната пресметка велиме е пораснато. Така да ова се реалните економски бројки, вели Димитриеска – Кочоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот