-8 C
Скопје

Димитриеска- Кочоска: ДИК донесе решение со кое ги отфрли обвинувањата на Филипче

Гордана Димитриеска- Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител, за обвинувањата на министерот за здравство Венко Филипче дека таа е одговорна поради тоа што не се реализирале сите оние модуларни болници, нагласи дека не чувствува апсолутна никаква вина додавајќи дека и Државната изборна комисија се произнесила во однос на ова и донела решение во кое кажува дека кредитот со Светска банка никако не е прашање поврзано со изборите.

-Да не заборавиме дека јас потпишав една милијарда евра пари нови задолжувања кои што требаше да отидат во поддршка и борба со здравствената криза. Кажете ми дали 0,5 проценти од тие една милијарда евра отидоа за здравство? Кажете ми дали се набави некои ново амбулантно возило, дали се купи некој нов кревет? Значи ништо во тој дел не се направи и притоа најлесно е вината да ја префрлите на некој друг. Најодговорно тврдам дека немам апсолутно никаква вина во овој дел, а дотолку повеќе што Државната изборна комисија се произнесе по однос на ова прашање. Законот за техничка влада јасно кажува дека кога постои неусогласеност помеѓу министерот и дополнителниот технички заменик министер дека може да се достави барање до Државната изборна комисија која што треба да се произнесе дали треба да биде потписот врзан или не, имаме одлука од ДИК каде што јасно кажува дека кредитот со Светска банка никако не е прашање поврзано со изборите. Така што апсолутно нема потреба од мој потпис и тука нема што повеќе да се додаде од фактото дека министерката за финансии во тој период можеше самата да си го потпише кредитот, а зошто не го потпиша треба да одговори таа, вели Димитриевска Кочоска.

Прочитајте и...  ФОТО: Водици одбележан со Златоустова литургија во храмот Пресвета Богородица во Центар

На прашањето, до каде е целата постапка за случајот ТЕ-ТО бидејќи заедно со тогашниот технички инистер за внатрешни работи Наќе Чулев, Димитриевска Кочовска поднела кривична пријава рече дека станува збор за тежок криминал, но се уште нема никава правна разрешница бидејќи се додека имаме вакво правосудство предметите се чуваат во фиоки на ОЈО.

-Се додека предметите стојат во одредени фиоки, ние не можеме да тргнеме напред и ова можеби не е предмет од интерес на сите граѓани на Република Македонија, меѓутоа 2700 акционери во Топлификација имаат сериозен проблем. Станува збор прво за нивни повеќе од 32 милиони евра пари кои што не можат да си ги повратат назад заради овој криминал кој што се случува и заради тоа што ние немаме правосудство како што и сите предмети за кои што треба да се одлучуваат се задржуваат во фиоките на ОЈО, изјави Димитриеска Кочовска.

Прочитајте и...  СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НАЈАВИЈА БОЈКОТ: Нема настава доколку не им се исполнат барањата

Поврзани вести

ВИДЕО | Последен говор на Трамп: Не го спомена Бајден, ама нагласи дека е прв претседател кој не почнал војна

Слободен печат

ВИДЕО | Бајден не можеше да ги скрие солзите пред своите сограѓани: Извинете за емоциите, сакам само покојниот син да беше тука

Слободен печат

Ердоган најави радикални реформи во економијата и судството

Слободен печат

Усвоен планот за распределба на административните службеници во земјава

Слободен печат

Помпео: Мултикултурализмот не е својствен за Америка

Слободен печат

Јанша: Вакцинација на 70 отсто од населението во Словенија до почетокот на летото

Слободен печат

Остави Коментар