Димче Арсовски: Земјата не може да прими вакцини ни како донација, бидејќи нема услови

Нов ден и нов срам и катастрофа на Венко Филипче и Зоран Заев. Заради неспособноста на власта, Република Македонија и граѓаните остануваат единствени во регионот и Европа кои не знаат кога ќе се започне со вакцинација, ниту пак колку вакцини ќе добијат на располагање.

Причината за тоа е затоа што владата не само што не набави вакцини на време, туку и затоа што не ја регистрирала вакцината на Фајзер и немала направено план за вакцинација, а пак македонската јавност тоа го дозна денеска и замислете не од нашите медиуми и политичари туку од српската премиерка Ана Брнабиќ.

Иако власта се пофали дека набавила 8.000 вакцини од Србија, премиерката на Србија денеска откри дека Македонија не може да ги добие истите затоа што поентата не е само да се набават, туку и да се регистрираат, но и да се направи план етапно како ќе се спроведе вакцинацијата.

Скандал од невидени размери, брука и срам. Додека сите држави се вакцинираат, власта со својата несериозност и неспособност дополнително ги загрози животите на македонските граѓани.

Зоран Заев и Венко Филипче ја оставија Република Македонија и граѓаните без ниту една вакцина, а поради тоа граѓаните умираат по болници.

Веќе три месеци и повеќе лажат дека набавиле вакцини од Бугарија, па потоа и од Грција, а сега и од Србија, за да на крај дознаеме дека вакцините ниту се набавени, ниту пак е регистрирана било каква вакцина за ковид-19 во државава, ниту има план како ќе се одвива целиот процес.

Да се фокусираа повеќе на заштита на здравјето и животите на граѓаните, наместо на сопствениот ПР и промоција, можеби ќе знаеја дека вакцината треба да се регистрира и да се направи план за вакцинирање. Но, зафатени со глумење на лажен хероизам, од самиот почеток на пандемијата лажат, а жртвите на тие лаги се граѓаните кои ги губат животите.

За ваква несериозност во најмала рака потребни се неотповикливи оставки уште веднаш, а потоа и кривична одговорност за загрозување на јавното здравје на граѓаните на Република Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот