Дилеми кај северните соседи: Србија размислува за враќање на задолжителниот воен рок и за електронско војување

Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Српскиот воен врв денеска одржа состанок со претседателот Александар Вучиќ на кој било разговарано за можноста за враќање на задолжителниот воен рок, за на електронското војување и за купување на нови беспилотни летала, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот Вучиќ по средбата изјави дека е направено „многу” на подобрување на борбената готовност и на набавката на „најмодерното оружје и воена опрема”.

– Набавивме од системот „Панцир“ до беспилотни летала. Оваа година ќе посветиме посебно внимание на електронското војување. Ги утврдивме нашите недостатоци, ќе купиме уште повеќе радарски системи и уште беспилотни летала, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека е покренато прашањето и за враќање на задолжителната воена служба и дека за тоа ќе се води широка јавна дискусија. 

– Тоа има свои добри и лоши страни. Дел од лошите се дека само објектите и храната ќе чинат над осум милијарди евра, сметајте 70 милиони евра (годишно), а кога ќе се обезбедат и приходите за војниците, ќе треба да се издвојат уште 1,2 до 1,8 милијарди евра, кажа Вучиќ.

Дел од добрите страни, како што истакна српскиот претседател, е што „ќе се пополнат некои гарнизонски места што се празни и во некои помали општини ќе се врати животот”.

Имаме проблем со оние кои имаат малку пониски плати и можат на друго место да добијат многу повисоки плати. Сега имате, на пример, две фабрики во Лозница – „Минт“ и „Алиент“. Ние на обичниот војник му даваме 45.000 динари, а просечната плата во тие фабрики е 51.000. Зошто некој би бил во војска, кога таму платата е многу поголема, кажа Вучиќ кој најави дека оваа година ќе има „големо зголемување” на платите на припадниците на српската војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот