Дикректорот на Токсикологија: Дали покрај маските, визирот, ракавиците, ќе мора да носиме и нунчаки за самоодбрана???

Директорот на Клиниката за токсикологија, д-р. Нико Беќаровски преку фејсбук-објава реагираше за нападот што се случи врз негов колега од страна на 32-годишен татко, бидејќи докторот ги препратил на Педијатрија каде имало дежурен лекар.

Нападнат доктор на Токсикологија, се здобил со расекотини на главата и хематом

Беќаровски прашува дали ќе мора да носат оружје за самоодбрана.

– Попладнево повторно физички нападнат и повреден доктор на своето работно место. Дали покрај маските, везирот, ракавиците, ќе мора да носиме и нунчаки за самоодбрана??? Док Холидеј бил во право што стетоскопот, го заменил со револвер – напиша д-р. Беќаровски на Фејсбук.

Нападнатиот лекар се здобил со посекотини на лицето и хематом. Тој бил хоспитилизиран, а по укажаната помош пуштен е на домашно лекување.

МВР утрово информира дека е приведен триесет и двегодишниот С.И. од Скопје  поради напад врз лекар од Клиниката за токсикологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот