ДИК усвои Стратешки план за работа за периодот 2021-2024 година

Александар Даштевски/ фото: Архива на Слободен печат

Државната изборна комисија (ДИК) денеска усвои Стратешки план за периодот 2021-2024 година, со којшто се поставуваат цели за унапредување на работата на Комисијата преку одржување на кредибилен изборен процес, континуирано унапредување на изборниот процес и постојана поддршка на сите учесници во изборниот процес и остварување на нивните избирачки права.

– Свесни сме за предизвикот пред кој се наоѓаме и токму затоа подготвивме стратешки план што ќе одговори на сите отворени прашања притоа следејќи ги сите универзални норми и принципи. Стратешкиот план е производ на заложбите, разговрите и сугестиите на сите вклучени во изборниот процес се со цел да се организираат фер, слободни и демократски избори, рече претседателот на Комисијата Александар Даштевски.

Потпретседателката на Комисијата Дитмире Шеху објасни дека во Стрешкиот план се предвидени седум приоритети и тоа: зголемување на квалитетот на подзаконските акти и нивна ефикасна примена, унапредување на постапката и начинот за водење на Ибирачкиот список, подобрување на ефикасноста на активностите помеѓу избориоте органи, зголемување на свесноста и довербата на граѓаните во изборниот процес, унапредување на знаењето и вештините на изборната администрација за спроведување на избори, подобрување на внатрешната организација и функционирање на ДИК и итегрирање на родовите аспекти во активностите на ДИК. Врз основа на Стратешкиот план ДИК ќе изготви акциски планови, а првиот ќе биде за локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври.

Стратешкиот план е изготвен во рамки на проект за изборни реформи поддржан од Швајцарија, а го спроведуваат ИФИМЕС и Младинскиот совет на Македонија.

Членовите на седницата усвоија и Упатство за спроведување на процедура за вршење на ex-ante контрола на примените фактури за платено политичко рекламирање од радиодифузери, печатените и електронски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот