ДИК треба да го заклучи Избирачкиот спсисок

Државна Изборна Комисија/ Фото: МИА

 ДИК вечер на јавна седница се очекува да го заклучи избирачкиот список за локалните избори закажани на 17 октомври. Избирачкиот список и изводите од него ДИК треба да ги потпише најдоцна до 1 октомври. Како што информираат од ДИК, на вечерашната седница исто така треба да се утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Политичките партии и учесниците на изборите се пред завршување на своите подготовки за почетокот на изборната кампања за Локалните избори која започнува во понеделник на 27 септември, а треба да заврши на 15 октомври.

Утврдените листи на кандидати за Локалните избори веќе се објавени како од страна на ДИК , така и од страна на општинските изборни комисии, познати се кандидатите како за градоначалници така и за членови на советите во локалните самоуправи.

Од ДИК посочуваат дека подготовките за изборите се интензивни и дека се работи паралелно на завршување на повеќе активности.

На овие избори за првпат ќе се применат терминали за отчитување на отисоците од прсти на гласачите за утврдување на нивниот идентитет и за комплетно избегнување на евентуални неправилности при гласањето. Овие терминали во државата треба да пристигнат најдоцна до 1 октомври со договорот со германската компанија „Дермалог”.

Изборите ќе се одржат со спроведување на мерки за заштита од ковид 19 исто како и на ланските  парламентрани, ќе се формираат посебни избирачки комисии за лицата кои ќе бидат пријавени, а ќе бидат во изолација или позитивни на коронавирусот, што ќе изразат интерес за гласање.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот