ДИК со герила акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија со голема одговорност ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните Предвремени парламентарни избори 2020. Со герила акција, за првпат досега, екипата на ДИК ги посетија Охрид и Струга. На плоштадите од двата града беа поставени две големи поставки од големо стаклено ѕвоно и гел за дезинфекција со цел да им се приближат пораките за безбедно гласање до гласачите.

Со пораките „Заштити се себеси и другите“ и „Гласај безбедно“, Државната изборна комисија упати апел за сигурни и безбедни избори. На плоштадите од двата града на безбеден начин се поделија едукативни брошури и флаери на случајните минувачи за безбедно гласање и точно опишан начин како треба секој гласач да постапува на гласачкото место за да се заштити од корона вирусот.

Safety, или безбедносната брошура која што ја поделија од ДИК на граѓаните на Охрид и Струга содржеше гел за дезинфекција и маска за заштита од корона вирусот. Освен што ги информираше преку пораките и поставки, ДИК на овој начин имаше и акција за заштита на граѓаните.

-Оваа герила акција се случува за првпат во нашата држава подготвена од Државната изборна комисија. Со ова, од таму покажаа неверојатна грижа за здравјето на граѓаните и континуиран напор во поставувањето на пример за државна институција која треба да се одликува со независност, непристрасност, одговорност и професионалност во работењето. Со овој пример на информирање на граѓаните и нивна заштита во време кога целиот свет е соочен во борба со невидливиот непријател КОВИД-19, Државната изборна комисија постави нови стандарди во функционирањето на државните институции- наведуваат во соопштението од ДИК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот