ДИК се јави со првичните резултати во Скопје: Арсовска води пред Шилегов, обработени 17 отсто

Прес-конференција на Државната изборна комисија / фото; Слободен печат

Шест часа по затворањето на гласачките места, ДИК ги соопшти добиените резултати. со извештај за пристигнати и внесени резултати. За градоначалник на Град Скопје од вкупно 685 избирачки места, пристигнати се резултати за 121 избирачко место,  17.66%, додека за Совет на град Скопје внесени се 17.08% резултати од 685 изборни места. Државната изборна комисија ги соопшти првичните резултати од гласањето за градоначалник во Скопје – со обработени 17 отсто од гласовите, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, има водство со освоени 38,15 проценти од гласовите пред актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ Петре Шилегов, кој има 35,26 проценти.

Според претседателот на ДИК, Александар Даштевски, поднесени се 286 приговори за заштита на лично избирачко право од кои 217 се прифатени, 19 се одбиени, a 34 ДИК ги оценила како неосновани. 16 приговори се во изработка. На 11 избирачки места во кои беше продолжено гласањето за онолку колку траел прекинот, гласањето е завршено 2 часа и 55 минути по 19 часот.

Даштевски рече дека изборниот процес поминал генерално успешно, но имало и тешки работи за спроведување. Се чекаат записниците од општинските изборни комисии, а поконкретни резултати тој најави за утре.

Тој додаде дека ДИК нема конкретна бројка за излезноста на локалните избори, а досега се обработени податоците од 47% од избирачките места на ниво на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот