ДИК продолжува да едуцира обучувачи за спроведување на изборниот процес

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ДИК се подготвува за избори. Во моментов тимови на Комисијата вршат обуки за обучувачи кои ќе треба да се справат со изборната проблематика, сѐ со цел да се овозможат фер и демократски избори. Преку ваквата активност, изборните органи ќе добијат специјализирана обука за да можат на учесниците во изборниот процес да им го доловат начинот кој ќе овозможи регуларни избори.

„Ќе бидат пуштени на терен за да ја спроведат едукацијата на изборните органи, конкретно на Избирачките одбори. Тимот на обучувачи се зајакнува со нови 33 членови и вкупно брои околу 80. Од февруари групата ќе стартува со обуки на изборните органи на терен и ќе трае до почетокот на април. Се надеваме дека секој член на ИО ќе биде присутен и ќе ја следи специјлизираната обука за изборната материја од сертифицирани обучувачи на ДИК“, вели портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

Ваквите активности ДИК за првпат ги започна минатата година. Поради покажанот успех на теренот, обуки се организираат и оваа година. ОБСЕ/ОДИХР ваквата успешна активност на ДИК ја проследи и во извештајот за оценка на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот