ДИК повторно корегираше податоци за бројот на гласачи и неважечки ливчиња

Фото: Драган Митрески, 13.07.2020, ДИК

Државната изборна комисија вечерва објави соопштение на својата веб страница со кое ги корегира резултатите од предвремените Парламентарни избори одржани на 15 јули, објавени на 16 јули.

Како што се наведува во денеска објавениот Заклучок за исправка на технички грешки, вкупниот број на избирачи  кои гласале изнесува 943.750, што е за 1.416 повеќе од првично објавената бројка, а вкупниот број  неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.564 или за 98 повеќе.

Во Заклучокот објавен на 16 јули ДИК објави дека вкупниот број  избирачи кои гласале изнесува 942.334, а вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.466.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот