ДИК објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за дијаспората

Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид се поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК во периодот од 26 февруари до 11 март.

Државната изборна комисија (ДИК) објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници во Собранието.

Во повикот, нашите државјани кои се на привремена работа или престој во соодветната држава се информираат дека на 12 април ќе се одржат предвремени избори и дека гласањето во ДКП-та и конзуларните канцеларии ќе се одржи на 11 април.

ДИК ги повикува македонските државјани кои сакаат да го остварат своето гласачко право да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на ДКП на Република Северна Македонија во периодот од 26 февруари до 11 март. При увидот треба да се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа или со важечка лична карта издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија. Увидот може да се изврши и преку интернет страната на ДИК тука.

Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид се поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК во периодот од 26 февруари до 11 март.

Прочитајте и...  Не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка во Струмичко

Нашинците во дијаспората кои сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори пријавувањето за гласање треба да го извршат во периодот од 16 февруари до 11 март, а пријавата за гласање своерачно потпишана се доставува до ДКП-та односно конзуларните канцеларија на РСМ во државата каде што престојуваат и живеат или се испраќа преку веб апликацијата поставена на интернет страницата на ДИК. Ова се однесува на државјаните на РСМ кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

Државјаните на РСМ, кои претходно го имаат пријавено пред надлежен орган својот привремен престој или привремена работа во странство, односно државјаните за кои МВР има евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во странство, поднесуваат само пријава.

Прочитајте и...  Полицискиот час ги опустоши парковите, се шетаат само кучиња (ФОТО)

Нашите државјани, кои претходно не го пријавиле својот привремен престој во странство или привремена работа пред надлежен орган во земјава, односно државјаните за кои МВР нема евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во странство, задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство и тоа документ/потврда или копија од документот за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година или дозвола за престој или работа во странство, издадена од надлежен орган од соодветната држава или копија од дозволата за престој или работа во странство.

Право на глас имаат сите македонски државјани, кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Северна Македонија, а на денот на гласањето привремено престојуваат во странство, повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во соодветната држава, повеќе од една година, согласно евиденцијата од надлежен орган, а кои од 16 февруари до 11 март 2020 годна, доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од  избирачкиот список.

Прочитајте и...  МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19

На предвремените избори за пратеници во Собранието, можат да гласаат само државјаните на Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список. Сите останати државјани, кои имаат избирачко право, а не поднеле пријава за гласање, ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список за гласање, согласно нивното пријавено последно живеалиште во Северна Македонија.

Гласањето ќе се одржи во сабота, на 11 април 2020 во период од 7:00 до 19:00, во просториите на дипломатско-конзуларно претставништво односно конзуларната канцеларија на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Спасени 15 мигранти кои се обиделе да преминат од Франција во Велика Британија

Слободен печат

Епидемиологот Пашагиќ почина од последиците на коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Ова се моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање

Слободен печат

Премиерот Џонсон префрлен во болница

Слободен печат

Полицискиот час ги опустоши парковите, се шетаат само кучиња (ФОТО)

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар додека трае епидемијата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заразените од коронавирус во Кипар ќе се следат преку мобилна апликација

Слободен печат

Пазарите за диви животни во Кина повторно се отвораат, расизмот кон азиската популација во САД расте (ВИДЕО)

Слободен печат

Кралицата Елизабета се обрати до нацијата: Ќе успееме во борбата против коронавирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Скопје како во филмот „Јас сум легенда“, само без зомби (ФОТО+ВИДЕО)

Љубиша Николовски

Баша: Нискиот број на тестови во Албанија ја прикрива вистината и чини животи!

Слободен печат

Француски план предвидува 300 милијарди евра на кредити за поддршка при економската криза

Слободен печат