ДИК: Ќе има втор круг, Пендаровски во благо водство

Денешниот изборен ден помина во добра, мирна атмосфера. Немаше посериозни забелешки од никој од учесниците во кампањата ниту од набљудувачите и сметам дека ја постигнавме целта да организираме чист, фер и коректен изборен ден, изјави вечерва претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Од обработени 97,98 отсто од гласовите, Блерим Река освоил 76,682 гласови или 10,35 отсто,  Гордана Силјановска Давкова 315.502 гласови или 42,58%, Стево Пендаровски 316.555 или 42,72%, соопшти тој.

Гласале 41,92 проценти од гласачите. Вкупен број важечки ливчиња се 696.467, а неважечки 31.585.

– Се надевам дека вториот изборен круг ќе протече во мирна, фер и коректна атмосфера и на 5 мај ќе може да констатираме дека овие избори завршиле како што заслужува оваа држава – рече Дерковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот