ДИК: Излезноста до 13 часот изнесува 20,45 проценти

На втората прес конференција, од ДИК пренесуваат дека гласањето тече без проблеми. На сите гласачки места се гласа од 7 часот, а само во едно гласачко место во Студеничани не се гласа.

До 13 часот, од преработени 75,57% од гласачките места на гласање излегле 284.942 гласачи, што е 20,45% од вкупниот број на запишани избирачи.

Најголема е излезноста во Прилеп 35,2%, Новаци 33,12%, Свети Николе 31,10%, Неготино 29,02%, Прибиштип 30,62%.

Граѓаните најмалку гласале во Липково 5,43%, Желино 6,62% и Врапчиште 7,5%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот