ДИК го одложи рокот за медиумите за доставување на извештајот за реализирани услуги за изборите

Фото: Драган Митрески, 13.07.2020, ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека го одложува рокот за рокот за доставување на извештајот за реализирани услуги и фактурата која содржи примерок од објави од страна на печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), којшто истекува денеска (17 јули 2020 година), согласно Ревидираниот роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници.

„Со цел медиумите да не бидат оштетени овој рок ќе биде одложен и целосната документација печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) ќе можат да ја достават во следниве неколку дена без притоа да трпат какви било последици“, се наведува во соопштението од ДИК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот