ДИК: До 18.30 часот гласале 555.943 гласачи, излезноста 48,88 проценти – продолжено гласањето на неколку избирачки места

Александар Даштевски, претседател на ДИК / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Државната изборна комисија вечерва на прес конференцијата во 19 часот соопшти дека 48.88 % е вкупната излезност на гласачите во 44- те општини и Градот Скопје, до 18.30 часот.

Тоа значи дека гласале 555.943 македонски граѓани во целата држава, додека на три гласачки места во Општина Карпош гласањето ќе се продолжи за уште 2 часа и 55 минути колку што имало прекин на гласачките места 2867, 2831, 2815, а на 3 места во Сарај гласањето се продоли уште 2 часа и 45 минути, како и во скопската Општина Карпош каде на избирачко место 2652 исто така имало прекин на гласањето 150 минути.

Во Вевчани гласале најмногу избираќи, 81,2% од запишаните, а во Сарај 28,12%.

-Успешен и мирен гласачки ден со фер и демократско гласање, прогласи претседателот на ДИК Александар Даштески на вечерашнава прес конференција, во очекување на објава на првичните резулати од вториот круг избори, предвидено околу полноќ.

До Државната изборна комисија досега се пристигнати 739 приговори од доменот на остварување на гласачкото право, а прифатени се дури 642 од нив.

Покрај неколкуте скопски општини во кои поради прекин е продолжено гласањето во 7 избирачки места, уште во 4 општини во Македонија гласањето продолжува во наредните час до 12о минути и тоа во Чешиново Облешево, Зелениково, Пробиштип и Долнени.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот