ДИК: Дијаспората ќе гласа само ако се пријават над 6.700 избирачи

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Ова е законски миннимум од претходните избори што го освоил пратеникот кој добил мандат со најмал број гласови во нашата држава и тоа е услов за да може да се организираат наредни избори во дијаспората“, појасни претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната седница на Комисијата.

Гласање во дијаспората за предвремените парламентарни избори ќе може да се спроведе доколку за тоа се пријават најмалку 6.700 наши гласачи.

– Ова е законски миннимум од претходните избори што го освоил пратеникот кој добил мандат со најмал број гласови во нашата држава и тоа е услов за да може да се организираат наредни избори во дијаспората – појасни претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната седница на Комисијата.

Средствата кои се предвидени за оваа намена, рече, ќе се потрошат само доколку се исполни условот за да се организира гласањето во дијаспората.

На минатите избори, во двата круга, потсети Дерковски, за гласање во дијаспората биле потрошени скоро 28 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот