Дијаспората најмногу гласала во Мелбурн, најмалку во Истанбул

Фото: МИА

Најголема излезност за претседателските избори во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) во Европа засега има во Прага, 23,4 отсто, а најниска во Истанбул, 3,57 проценти, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа.

Како што рече Гугуческа на првата прес-конференција за изборите, гласањето се одвива тековно и без проблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е 18,75 проценти, во Брисел 18,37, во Загреб 16,67… Излезноста во ДКП-ата до 18:30 часот во Канбера е 38 отсто додека во Мелбурн 57,58 проценти. Гласачките места во САД и Канада ќе бидат отворени во 19 часот.

-Вкупно 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари го следат гласање за претседателските избори во земјава, нагласи Гугуческа и потсети дека  право на глас имаат 1.808,131 граѓани, а во 32-те дипломатско конзуларни претставништва се пријавиле 1.781 гласач.

Одговорајќи на новинарско прашање, портпаролката на ДИК информира дека денешното гласање во затворите се одвива непречено и до 10 часот правото на глас го искористиле 22 проценти.

-Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица. Сите места се отворени на време и гласањето тече без никакви проблеми, истакна Гугуческа.

Прв пат за претседателските избори се гласа и во два старечки дома, и притоа 71 лица имаат право да искажат својата поддршка.

Новина е и тоа што за граѓаните со оштетен слух ДИК го отвора телефонскиот број 076/488-360 на кој преку видео повик ќе биде одговорено секое прашање.

-Ги потсетувам граѓаните дека на 0800 555 444 ќе може да се јават да постават прашање во врска со гласањето, рече Гугуческа.

Следната прес-конференција ДИК ќе ја одржи вечер во 20 часот и на неа се очекува да бидат соопштени до тогаш преброените гласови од дијаспората во Европа и Австралија како и од затворите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот