Дијаспората на БиХ во САД не го сака Германецот Кристијан Шмид за нов Висок претставник во нивната земја

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Босанско-американските здруженија испратија писмо до американскиот државен секретар Ентони Блинкен во кое изразуваат незадоволство од одлуката на германските власти за нов Висок претставник во земјата да го испратат Кристијан Шмид.

Во писмото до Блинкен, што го потпишаа Советодавниот совет за БиХ во Вашингтон, босанско-американското здружение од Ајова, босанското-американскиот Институт за геноцид и Здружението на Бошњаци во Џорџија, меѓу другото, се наведува дека Канцеларијата на високиот претставник останува клучен институционален столб во демократијата на БиХ.

– Денеска ви пишуваме за да ја изразиме нашата сериозна загриженост во врска со германската номинација на Кристијан Шмид за функцијата Висок претставник во БиХ. Како претставници на босанско-американската дијаспора ширум САД, не веруваме дека Шмид покажа визија, капацитет и подготвеност да промовира кредибилна политика што ќе биде ориентирана на реформи, се вели, меѓу другото, во писмото до Блинкен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот