Дијаспората го затегнува каишот

За очекување ли е учеството на дијаспората во директни инвестиции драстично да се намали, како и да „секнат“ девизните дознаки што стигнуваат од странство и ги добиваат граѓаните во земјата. Причината за тоа, меѓу другото, е и поради големото незадоволство меѓу иселениците од политиките на македонската влада во изминатите три години, поврзани со промената на името, идентитетските и јазичните прашања, историјата и односите со соседите.

Така барем може да се заклучи од некои размислувања и изливи на емоции на социјалните мрежи и во медиумите, кои претендираат да ја артикулираат растечката свест меѓу македонската емиграција и нејзините незадоволства и критики кои наводно може да се подведат под заеднички именител. Добар пример за тоа беше и едно интервју на ТВ-Алфа со глобалниот координатор од Вашингтон на движењето кое се нарекува „Ние сме Македонија“. Не само намалената „финансиска“ волја на иселениците да ја помагаат татковината, туку и нивната желба да учествуваат на изборите тоне какао камен во океан, можеше да се слушне од споменатото интервју.

Но на каков начин функционира тоа „глобално координирање“ на дијаспората, не можеше да се слушне ниту збор. Ниту, пак, беа посочени какви било истражувања врз кои се темелат храбрите заклучоци за ширењето на апатија меѓу печалбарите кои сè помасовно ѝ го вртат грбот на татковината. Едноставно, субјективни гледишта и ставови од некоја група или групичка, како и обично кога е дијаспората во прашање, се продаваат и пласираат како проверени, апсолвирани и општоприфатени и потврдени вистини.

Прочитајте и...  Паркинг кај „Холидеј ин“ - визија, профитерство и национален интерес

Успева ли Македонија да го искористи потенцијалот на својата емиграција или постојано се соочува со пропуштени шанси на тој план? До одговор на ова прашање веројатно ни најмалку не е лесно да се дојде. Може ли, всушност, државата преку својот апарат да интервенира во јакнењето на мобилизираноста на дијаспората и, воопшто, свеста за културниот идентитет во редовите на многубројното иселеништво? Одговорот, секако, е потврден, но прашањето за изборот на методологијата за остварување на таа цел бара поширока анализа. Но, со постојано симплифицирање на феномените поврзани со оваа проблематика, Македонија тешко ќе успева во напорите да изгради ефикасна стратегија за прагматичен пристап во однос на унапредувањето на врските на иселениците со татковината.

Слабоста на дијаспората е, пред сѐ, во тоа што нема никакви поврзувачки нишки меѓу иселениците. Тие се целосно разединети и настапуваат главно инцидентно и според интензитетот на дневно-политичките хаварии што често ги предизвикуваат неодговорни поединци и медиуми во Македонија што си земаат за право да ја осудуваат и со тешки навреди жигосуваат иселената Македонија.

Премногу се присутни напори во Македонија, дури и највисоко интелектуално ниво, иселениците да се прикажат како егоисти, примитивни и нееманципирани граѓани, да се понижи и со валкани, калливи чевли да се згазне нивното чувство за припадност кон сопствениот народ и татковина. Се чека секоја поволна пригода за да се потхранува таа мрачна агенда со нови сомнителни мотиви.

Прочитајте и...  Пред школскиот праг, повторно се бира меѓу Венко и Жарко или Мицко и Наќе

Потенцијалите за вмрежување, застапување на интересите и подобрување на положбата на дијаспората се мошне слабо исползувани, и тоа главно преку кампањски пристап од страна на македонските државни органи во однос на случајно детектирани прашања за решавање. За волја на вистинита, македонскиот министер за дијаспора Едмонд Адеми правеше значајни напори за деполитизација на ова прашање.

Во секој случај, слаба е вклученоста на емигрантите во политичкиот и економските живот во матицата. Во исто време, пак, македонските организации во дијаспората се фрагментирани, оддалечени и меѓусебно неповрзани, и во недостиг на поконтинуирани форми на размена на искуства и информации немаат некои посебни сознанија за дејноста која се остварува во за нив поблиски или подалечни иселеничките средини. Оттаму е и нејасно каква е функцијата на некакви глобални координатори? Македонските иселенички организации, всушност, не соодветствуваат на новиот дух на времето, пред сѐ, кога станува збор за потребите на подинамичната млада генерација, која затоа не е ни заинтересирана да се вклучи во нивното работење. Македонија, се чини, не покажува ниту доволно слух за зголемување на бројката на конкретни програми во врска со клучниот предизвик – запирање на одливот на младите високообразовани кадри, ниту пак се заговараат специфични проекти и акции за поддршка на циркуларни миграции, на пример, гостувања и предавања на реномирани универзитетски професори и деловни луѓе од дијаспората. Ако нешто такво и се случува, тогаш главно се реализира преку индивидуални заложби на универзитетите, поединци и некои странски фондации. Сериозни истражувачки проекти за состојбите во македонската дијаспора едноставно не постојат. Дали поради недостиг на финансиски средства, или, пак, поради недостиг на идеи како да се пристапи кон оваа исклучително важна проблематика?

Прочитајте и...  Паркинг кај „Холидеј ин“ - визија, профитерство и национален интерес

Дали „глобалните координатори“ во дијаспората можат да ги оправдаат своите високопарни и амбициозни титули, останува да се види. Повеќе би требало да се очекува дали државата може преку својот апарат да интервенира во јакнењето на мобилизираноста на дијаспората и, воопшто, свеста за културниот идентитет во редовите на многубројното иселеништво? Одговорот секако е потврден, но прашањето за изборот на методологијата за остварување на таа цел бара поширока анализа, која државните институции еднаш би требало да ја направат. Но со постојано симплифицирање на феномените поврзани со оваа проблематика, Македонија тешко ќе успева во напорите да изгради ефикасна стратегија за прагматичен пристап во однос на унапредувањето на врските на иселениците со татковината.

Затоа, до одговорот на прашањето дали иселениците навистина го стегаат каишот, ќе треба да се дојде преку посериозен пристап, а не преку евтини „петпаречки“ телевизиски муабетења.

Прочитај повеќе

Паркинг кај „Холидеј ин“ – визија, профитерство и национален интерес

Божидар Милјовски

Пред школскиот праг, повторно се бира меѓу Венко и Жарко или Мицко и Наќе

Џабир Дерала

Што сакаше да ни каже претседателот?

Како да се изгради тоа што ни треба – регионален клинички центар

Божидар Милјовски

Нова реалност со замаглени очи

Жанета Скерлев

За правдината и законската мрежа, фина ко пајажина

Мирослав Грчев

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Безмозочна партиска зомби пешадија

Џабир Дерала

Градската плажа Горица 3 се препороди како Лазар (Мојсов)

Агрон Биба

ДУИ не се римува со опозиција

Срѓан Ивановиќ

Старите пајташи повторно ќе јаваат заедно или уште еден пукнат балон?

Џабир Дерала

Уште само струјата фалеше да поскапи

Весна Дамчевска

Едно општество за сите, ама за сите!

Џабир Дерала