Дијамантите украдени од музејот во Дрезден се непроценливи

Фото: EPA

Грабежот на три непроценливи збирки на дијаманти од државниот музеј во Дрезден, кој се случи денеска, медиумите го категоризираа како „најголем грабеж на уметнички дела уште од Втората светска војна“.

Грабежот се случил во историскиот музеј „Грин Валут“ во Дрезден, каде се наоѓа најголемата колекција на богатства од сите музеи во Европа.

Вредноста на украдениот накит е непроценлива

Работничка во музејот за новианрите рекла дека вредноста на укрдениот накит е непроценлива.

– Посебна важност на украдените збирки накит со дијаманти и рубини од 18 век е во нивната историско-културна вредност, а не материјална – изјавила Акермен, која одбила да ја изнесе проценката на финансиската штета.

– Не можеме да ја откриеме точната вредност на украдените работи, бидејќи се непроценливи – рекла таа.

Дирк Синдрам, уште еден вработен во музејот, рекол дека овие збирки се на еден начин „светско наследство“, односно дека содржат околу 100 парчиња накит.

„Билд“ пренесува дека станува збор за „најголемата кражба на уметнички дела од Втората светска војна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот