Дијалогот меѓу работодавачите и синдикатите за минималецот почнува следниот месец

Владата се залага за тоа минималната плата да биде првично зголемена на 18.000 илјади денари, а до крајот на мандатот на оваа Влада до 20.000 илјади денари, рече на денешната прес конференција министерката за труд и социјлни работи Јованка Тренчевска.
Таа најави дека за постигнување на оваа цел во февруари ќе се отвори дијалог со социјално-економските партнери и синдикатите и дека се надева оти до март ќе биде постигнат договор од кој ќе бидат задоволни и работодавачите и работниците.
Мининалната плата се објавува во месец март, а прочнува да се применува од месец април.
Видео на денот