Дијалог за „Ветинг – наметната или изводлива опција”

Profimedia

Дијалогот се спроведува во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните”, кој го спроведуваат Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија.

Во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска ќе се одржи дијалог за политики „Ветинг – наметната или изводлива опција за Република Северна Македонија”. На форумот се поканети претставници од правосудниот систем, од Министерство за правда, Здружението на судии, од политички партии, претставници од граѓански организации кои работат во областа на правосудството како и од дипломатските мисии во Република Северна Македонија.

Целта на овој дијалог е да обезбеди детална дискусија за природата и последиците од процесот на ветинг, со оглед на европските стандарди за правосудство и искуствата во регионот и да придонесе за проценка на потребата од проверка на македонското правосудство во светло на европските стандарди и научените лекции.

Дијалогот се спроведува во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните”, кој го спроведуваат Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија.

Проектот има цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Крајни корисници на овој проект се институциите во областа на правосудството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот