Дијалог за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022

Фото: Профимедиа

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска организира дијалог за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година”.

Како што соопшти организаторот, целта на овој дијалог е да придонесе кон подобро спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор преку конкретни препораки за подобра имплементација на предвидените мерки.

Од дијалогот ќе биде подготвен документ со клучни препораки кои понатаму ќе бидат споделени со сите релевантни чинители.  Забелешките и препораките од овој дијалог ќе бидат составен дел од полугодишниот извештај од Следење на стратегијата за реформа на правосудниот сектор кој го подготвуваат Институтот за европска политика и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.

Како што е најавено, предвидени се обраќања на министерка за правда Рената Дескоска,
претседателот на Судски совет Киро Здравев, претседателот на Советот на јавните обвинители Ацо Колевски, претседателот на Здружението на судии Џемали Саити. Ќе се обратат и повеќе универзитетски професори и судии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот