Дијабетичарите се жалат на недостиг на инсулин последниве два месеца

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија апелира државата да обезбеди непречено и навремено снабдување со инсулин на сите пациенти на кои им е потребен. Велат дека во изминативе два три месеци се јавиле проблеми со достапноста на одредени инсулини и бараат надлежните институции да преземат мерки.

– Со прогласувањето на пандемијата со КОВИД-19, сите заедно сме исправени пред многу предизвици. Ние како Сојуз кој обединува сите лица со дијабетес, се обидуваме во овие тешки услови да дадеме сѐ од себе за регулирање на основната состојба – дијабетесот, но и да не дозволиме да се развијат компликации или пак тие да се влошат. Лицата со дијабетес, кај децата и адолесцентите и нивните семејства, чувствуваат огромна несигурност, во последните 2 – 3 месеци со недостаток на одредени инсулини, кои се потврдуваат на делови од територијата на државата, се вели во денешното соопштение од Сојузот.

Оттаму се надеваат дека недостигот на одредени видови инсулин ќе биде надминат во скоро време во интерес на здравјето на сите лица со дијабетес, а со тоа и во интерес на јавното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот