Дигиталниот ковид-пасош ќе го рестартира туризмот

A picture taken on March 3, 2021 in Paris shows a vaccine vial reading "Covid-19 vaccine" and a syringe on an European passport.,Image: 595165088, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JOEL SAGET / AFP / Profimedia

Документот ќе може да се добие преку матичен лекар и ќе има QR код, кој преку вклучување на камерата од мобилниот телефон ќе може да го симнете во вашиот мобиле апарат, објасни Филипче.

Таканаречениот „зелен пасош“, со кој ќе може летово да се патува во повеќето земји на ЕУ и надвор од неа, на македонските граѓани ќе им биде достапен веќе од следната недела, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Документот ќе може да се добие преку матичен лекар и ќе има QR код, кој преку вклучување на камерата од мобилниот телефон ќе може да го симнете во вашиот мобилен апарат, објасни Филипче.

„QR кодот односно дигиталната апликација има можност да содржи три податоци – податок за вакцинација (датум на вакцина/ревакцина и тип на вакцина), податок за негативен ПЦР тест (ќе се надградува со секое следно ПЦР тестирање) и податок за соодветна количина на детектирани антитела како доказ за прележана болест“ – објасни министерот.

ЕУ вчера објави дека по долги преговори европратениците конечно постигнале договор за воведување дигитални зелени сертификати кои треба да ги олеснат патувањата во ЕУ летово. Информацијата ја потврдија неколку дипломатски извори, а се очекува да биде официјализирана наскоро. Зелениот сертификат ќе содржи информации дали лицето е вакцинирано, дали прележало ковид-19 и дали има антитела или негативен ПЦР тест. Ковид-пасошите би требало да станат реалност на почетокот на летната сезона и да помогнат да се намали штетата врз туризмот ширум ЕУ. Европратениците се заложиле пред се да се спречат дополнителни рестрикции како карантин и изолација, освен ако не се реципроцитетни.

Туристичката сезона во најголемите туристички земји во регионот се уште зависи од моментната состојба со пандемијата од ковид-19. Сепак, дел од земјите кои излегуваат на море како Албанија и Црна Гора, се охрабрија и дозволија влез на туристи без никакви ограничувања.

Во моментов во Грција може да се влезе ако поседувате сертификат за вакцинација против ковид-19, сертификат за антитела, или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Се уште не е објавено кои вакцини ќе бидат прифатливи. Засега, велат туристичките агенции, се дозволува влез со сите вакцини, па и со кинеската и со руската.

– Ние веќе имаме реализирано неколку туристички тури и не сме имале никаков проблем при влез во Грција. Секако, мора да се испочитуваат правилата, да се поседува потврда за имунизација, која важи за сите патници постари од пет години и да се направи најава за влез во земјата најмалку 24 часа пред пристигнување на граница – велат од „Ескејсп травел“ за „Слободен печат“.

Истата агенција вели дека организира патувања за Турција, но до 31 мај таму е во сила одлуката за неопходен негативен ПЦР-тест при влез во земјата. Се најавува дека сите рестрикции ќе бидат укиати од 11 јуни, освен за копнената граница со Иран. Странските државјани кои влегуват во Турција ќе бидат прегледувани од лекар, ако покажуваат симптоми на ковид-19 ќе им биде направен бесплатен ПЦР тест, а ако тестот е позитивен, патникот ќе бидат хоспитализиран.

Хрватска е отворена за туристи кои имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, антигенски тест  одобрен од ЕУ, потврда дека во последните три месеци патникот прележал коронавирус или потврда дека поминале 14 дена од вакцинирањето со втората доза од некоја вакцина. Тие правила ќе важат и за време на летната сезона, соопштуваат од Министерството за туризам и спорт на Хрватска. Министерството работи на тоа да обезбеди мобилни тимови за вакцинирање на туристите. Туристичките објекти ќе имаат ознака „Сејф стеј“, за што ќе мора да исполнуваат одредени критериуми, меѓудругото на гостите да им даваат ракавици, маски и средства за дезинфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот