Дигитализацијата спречи нагло растење на невработеноста

Електронската трговија е во постојан пораст, а такви се предвидувањата и за оваа година вели Мајлинда Брегу.

Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу оцени дека  земјите од Западен Балкан користејќи ја дигиталната технологија успеале да го ублажат губењето на работни места.

– Изолацијата донесе голем пораст на стапката на невработеност во Западен Балкан, помеѓу пет и над 30 отсто. Без модерните технологии кои овозможија работење од дома и зачувување на работните места, овој број ќе беше многу поголем, пишува Брегу во авторски текст објавен неодамна од РСС.

Повикувајќи се на бројки од истражувањето што еднаш годишно го спроведува РСС, „Балкански барометар”, како и на статистички податоци од Европската Унија, Брегу вели дека електронската трговија е во постојан пораст, а такви се предвидувањата и за оваа година.

Брегу заклучува дека Програмата за дигитална трансформација на Западен Балкан за периодот 2021-2024 година што ја финансира Европската Унија и која се наоѓа во фаза на подготовка, ќе биде стожер на општествено-економското закрепнување на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот