„Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!”, нов проект на Рурална коалиција

Да се зголеми дигиталната писменост на локално ниво, земjоделците и руралното население да користат е-услуги, е целта на проектот „Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!” што следните 18 месеци ќе го спроведува Рурална коалиција.

Проектот ќе биде презентиран денеска на онлајн настан.

Рурална коалициjа информира дека е една од трите македонски организации кои станаа дел од мрежата ИЦЕДА и коjа во наредниот период ќе работи на формирање и управување со граѓански центар за поддршка на е-владеење преку коj што ќе им помогне на земjоделците и руралното население воопшто, во користењето на е-услугите, но и во зголемувањето на дигиталната писменост на локално ниво.

Вакви активности освен во Северна Македониjа во рамките на мрежата ИЦЕДА ќе се спроведуваат и во Албаниjа, Косово, Црна Гора и Србиjа.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА” го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Центарот на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот