Дигитализацијата стигна и во затворите: Дигитална судница во КПУ „Идризово”

Затвор Идризово / Фото: МИА

Шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Дејвид Гир, министерот за правда Никола Тупанчески и заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД Ерик Мајер денеска во Казнено-поправната установа Идризово ќе ја отворат новоопремената дигитална судница.

Дигиталната судница овозможува притворените лица за тешки кривични дела да добијат судење на подрачјето на затворот Идризово. Со тоа се зголемува безбедноста на жртвите, но и се почитува правото на притворениците да се бранат со што се обезбедува правично судење. Почитувањето на човековите права води кон непристрасен, транспарентен и одговорен систем на казнено право и се стекнува доверба на граѓаните во правниот поредок, наведуваат од Делегацијата на ЕУ.

Според Министерството за правда, ова е најголемата и најопремената судница во земјава со судска сала од 290 метри квадратни, а со нејзиното користење ќе се намалат трошоците за судските процеси за обезбедување и транспорт и ќе се обезбеди поголема заштита на безбедноста и сигурноста на граѓаните на главниот град.

Вкупната вредност на објектот изнесува 1,3 милиони евра. Главно е финансиран од ЕУ со околу еден милион евра инвестирани во градба и опрема. Националниот придонес е 0,28 милиони евра. Набавката на дополнителна безбедносна како и ИТ опрема беше поддржана од Амбасадата на САД.

Помошта на ЕУ за отворањето на новата судница во Идризово е дел од поголемите напори за реформирање на казненото право и казнено-поправниот систем во земјата. Целта е да им се помогне на институциите да остварат поефикасна репресија на криминалот, притоа почитувајќи ги основните права на луѓето, додаваат од Делегацијата на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот