Диететичарите тврдат дека овој пијалак е најдобар за брзо слабеење

Кимот е неизоставна состојка во кифличките и бројните други јадења, а познато е и дека го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот и го нормализира нивото на шеќер во крвта.

Диететичарите тврдат дека водата од ким е идеален пијалак за побрзо слабеење, а со неа се согласуваат и многу други експерти.

Важноста на кимот

Кимот е богат со антиоксиданти, добар е за одржување на имунолошкиот систем и здравјето на цревата, а може да го намали воспалението и ризикот од рак.

Истражувањата покажале дека кимот го забрзува метаболизмот во процесот на слабеењето. Во клиничкото испитување во кое учествувале 88 прекумерно дебели жени, експерименталната група жени јаделе незасладен јогурт со ким двапати дневно во текот на три месеци. Контролната група јадела иста количина јогурт во истиот период, но без додавање на ким во прав. Се испоставило дека само оние жени кои консумирале ким значително ја намалиле својата тежина, индексот на телесната маса, како и обемот на половината и процентот на маснотии во телото. Исто така, кај нив биле забележани пониски нивоа на вкупниот холестерол, триглицеридиte и ЛДЛ (лош) холестерол во крвта, додека добриот ХДЛ холестерол се зголемил.

Научниците овој ефект го објаснуваат со тоа што кимот содржи изобилство од фитостероли, кои имаат способност на апсорпција на холестеролот, а содржат и материи што го забрзуваат метаболизмот.

Важноста на водата

Доволен внес на вода е важен за нашето тело, здравјето и добрата линија.

Истражувањето засновано на податоците од Националната анкета за здравствени прегледи (NHANES) објавена во Аналите на семејната медицина, открило значајна поврзаност помеѓу несоодветен внес на вода и дебелина, сугерирајќи дека добрата хидратација игра клучна улога во контролата на тежината.

Како да направите вода со ким

– Натопете една лажица семки од ким во една или две шолји вода и оставете да отстои преку ноќ. Некои сакаат да ги здробат семките, но тоа не е неопходно.
– Наутро, смесата варете ја околу пет минути.
– Кога водата ќе се излади, исцедете ги семињата и прелијте ги со мраз или загрејте до саканата температура.
– Во пијалакот можете да додадете малку природен засладувач или цимет за да го подобрите вкусот.

Ким во вашите јадења

– Здробете го кимот во мелница и додадете го во смесата за ќофтиња.
– Додадете ким во домашната салата од цвекло.
– Додадете ким во варивата од зеленчук и месо.
– Додадете ким во вашиот домашен леб или кифлички.
– Пред панирањето, благо зачинете ги тиквичките или модриот патлиџан со здробен ким.
– Со ким зачинете го зеленчукот на скара.
– Додадете лажичка мелен ким во јогурт, кисело млеко или урда.

Рецепт 1

Потопете 2 лажици семки ким преку ноќ. Пијалакот проварете го наутро и пијте го наместо утрински чај. Преостанатото семе добро изџвакајте го. Овој метод помага да се ослободите од вишокот маснотии и, ако редовно го практикувате, резултатите ќе бидат видливи веќе за 15 дена!

Рецепт 2

Семето на мелениот ким е исто така од голема помош кога станува збор за симнувањето на вишокот килограми. Секој ден земајте шолја кисело млеко измешано со лажичка од овој прав. Кимот не само што ќе го подобри вкусот на популарниот млечен производ, туку ќе помогне и да ослабнете.

 

Видео на денот