Диета според хороскоп: Девиците треба да јадат маслинки, Јарците домати, а Скорпиите банани

Фото: Пиксабеј

Се мачите со разни диети, а килограмите никако да исчезнат? Можеби едноставно не се придржувате до начинот на исхрана кој одговара на вашиот хороскопски знак! Можеби хороскопот може да ви помогне да ослабнете бидејќи секој знак има свои преференции и слаби точки кога станува збор за слабеењето. Откријте ја идеалната диета за вашиот знак и бидете сигурни дека нема да се здебелите во зимскиот период кога најмногу сме склони на таложење вишок килограми.

ОВЕН

Импулсивните Овни се склони да започнат нов режим на исхрана без претходно планирање. Меѓутоа, со истата брзина со која ќе ја започнат диетата можат и да ја прекинат. Ако резултатите не се видливи во краток временски период, многу е веројатно дека брзо ќе го изгубат интересот. Добра идеја би била да се натпреварувате со некого кој побрзо ќе слабее, бидејќи вие сте личност со натпреварувачки дух и желбата за победа ќе ви биде поттик да дадете сѐ од себе.
Идеална диета: тоа што на Овните им помага на долги патеки е комбинацијата на здравиот пост и нискокалоричните оброци. На тоа треба да додадат и малку релаксација. Воведете овошни денови, изедете 1,5 кг овошје и испијте најмалку два литра минерална вода. Доколку за неколку дена ви здодее, променете го списокот на јадења и подгответе јадење со ориз: 125 грама интегрален ориз динстајте без сол и поделете го на три порции. Наутро изедете две јаболка, а за ручек и вечера измешајте го преостанатиот ориз со 100 грама салата од краставици. Важно е да внесувате многу течности: вода, супа од зеленчук, сокови од миксирано овошје или зеленчук.
Совет: јадете повеќе протеини, а помалку јаглехидрати. Дел од телото со којшто владее Овенот е мозокот, а аминокиселините од протеините го хранат мозокот.

БИК

Биковите сакаат да јадат и откажувањето од храната ги прави несреќни поради што диетите во кои треба и да се гладува не се за нив.
Јадењето за нив претставува уживање: вкусот и изгледот мора да бидат споени. Оставаат многу време за јадењето и најмногу уживаат во јадењето дома, во удобна атмосфера. Проблеми со тежината имаат главно кога нивната страст кон јадењето ќе преовлада. Нивниот голем плус е тоа што се многу истрајни и упорни. Кога нешто навистина сакаат, одат до крај. Тоа важи и за слабеењето. Меѓутоа, Биковите многу тешко се разделуваат од омилените намирници. Обожаваат чоколади, сладоледи и торти.
Идеална диета: слатките ужини се многу важни за Биковите. Затоа е најдобро во диетата да вметнат многу овошје, кое ќе им обезбеди доволно шеќер. Подготвувајте богати салати од сезонски зеленчук, а еднаш дневно слободно можете да изедете и сочно парче месо, но подготвено на скара.

Совет: избегнувајте шеќер, слатки и висококалорична храна, бидејќи Биковите се склони кон вишок килограми.

БЛИЗНАЦИ

Со оглед на тоа што сакаат да прават најмалку две работи одеднаш, комбинацијата на здрава исхрана и вежбање е идеална за Близнаците. Генерално се активни, секогаш во движење, поради што брзо ги согоруваат калориите. Проблем единствено може да им претставува придржувањето на диеатата што сја избрале и не испробувањето некој друга по само неколку дена. Близнаците не сакаат обрасци, ниту во животот ниту во дневното мени. Но, затоа брзата храна е измислена само за нив. Што се однесува до телесната тежина, повеќето од нив имаат среќа, нивниот внатрешен немир поттикнува на размена на супстанции и тие непрекинато ги согоруваат масните наслаги.

Идеална диета: за да биде по мерка на Близнаците, диетата мора да биде практична и разновидна. Се препорачуваат млечни производи, јогурт (може и овошен) и сирење. Одбегнувајте тестенини. Диетата можете да ја започнете со поголемо внесување течности, пијте од две до три литри течности дневно, на пр. минерална вода и супи од зеленчук.
Совет: Избегнувајте брза храна и јадење набрзина „од нога“. Делот од телото со кое управуваат Близнаците се рацете и нервниот систем, поради што мора да издвоите време во кое на мир ќе изедете избалансиран, хранлив оброк кој ќе ви помогне во зачувувањето на рамнотежата на нервниот систем.

РАК

Со Раковите владеат емоциите: во еден момент се на седмо небо, а веќе во наредниот како да го допреле дното. Ако преовладува негативната енергија, тогаш храната ја користат како лек. Слатките го лечат стресот. За овие лица слабеењето претставува голем проблем. Многу меѓу нив се извонредни готвачи. Затоа, искористете ја својата фантазија и подгответе совршени јадења по ваш вкус.
Идеална диета: јадете повеќе оброци дневно. Меѓу главните оброци задолжително дозволете си себе ужина, на пример, салата од сезонски зеленчук со малку маслиново масло. Во салата можете да ставите и една лажичка сенф, лук, а оние кои сакаат малку невообичаен вкус на салата можат да прелијат со лажичка мед.
Совет: Раковите треба да научат како да го контролираат своето расположение. Спортот може да ви помогне да се ослободите од негативната енергија. Најдобро ќе се чувствувате ако барем два пати неделно одите на пливање или возење со велосипед.

ЛАВ

Лавовите имаат многу енергија. За да останат во полна форма, мораат и добро да јадат. Инаку сакаат да бидат во центарот на вниманието, а тоа важи и кога јадат. Тие се големи хедонисти и најмногу сакаат да јадат во рестораните каде се ќе им биде подготвено. Би требало да научите по нешто и да зготвите, затоа што така лесно ќе контролирате колку сте изеле и колку калории сте внеле.
Идеална диета: важно е оброците да ги земате секогаш во исто време. Така ќе се избалансира размената на материи, што секако ќе влијае на намалувањето на телесната тежина. Лавовите не треба да се одрекуваат од енергетската храна, ним им е потребно повремено да јадат парче месо или порција тестенини. Јадете полека и пред секој оброк испијте половина литар вода.
Совет: Лавовите се склони на зголемен холестерол, па затоа мораат да водат сметка за внесување на масти. Салата можете да подготвите со јогурт и лимон наместо со масло и киселина, а месото подобро подгответе го на скара.

ДЕВИЦА

Девиците се перфекционисти. Придаваат големо внимание на здравата исхрана. Знаат да препознаат што им одговара на нивното тело, а што му штети. Одбегнуваат кафе, алкохол и слатки. Ретки се Девиците со изразено голема телесна тежина. Ако и страдаат од вишок на килограми, не држат радикални диети затоа што имаат проблеми со метаболизмот и желудникот.
Идеална диета: јадете повеќе пати на ден, по малку. Појадокот осмислете го сами, затоа што вие најдобро знаете што значи да се храниме здраво. За ужина можете да испиете нискокалоричен овошен јогурт или да изедете: 100 грама немасно сирење со маслинки. Важно е храната да ја внесувате во мали количини и да уживате во секој залак. За вечера подгответе салата од домати.

Совет: водете сметка за внесувањето на течности, испијте најмалку две литра вода дневно. Идеално би било на тоа да додадете и неколку филџани растителен или овошен чај.

ВАГА
Вагитесе родени дегустатори. На забавите секогаш се покрај масата. Меѓутоа, не јадат се, малку се пребирливи. Ако не најдат тоа што им се во тој момент јаде, подобро ќе останат гладни. Типичен проблем на терезијата е тоа што тешко се одлучува на диета, затоа што се плаши дека диеталната храна нема да им биде вкусна. Мотивација можат да најдат во некои кујнски намирници.
Идеална диета: на Вагите им требаат многу малки оброци за да имаат на што да се радуваат. Храната треба да биде зачинета, понекогаш со егзотичен вкус. Испробајте нешто ново, тоа слабеењето ќе ви го направи едноставно, на пример јапонски суши, кое е нискокалорично или исечкете тофу сирење и маринирајте го со сос од соја, мед и зачини. Парче сирење оставите да се исцеди и препечете го на масло. Служете со ориз.
Совет: правете вежби за мотивација доколку држењето на диета не ви е привлечна идеја. Ское утро погледнете се во огледало и замислите како ќе изгледате по неколку дена.

СКОРПИЈА

Скорпиите сакаат да одат од крајност до крајност. Кога станува збор за храната или се прејадуваат или гладуваат. Тоа секако не е здравствено оправдано. Скорпиите првенствено мораат да научат како да се хранат здраво. Тоа нема да им претставува голем проблем затоа што имаат предност над другите знаци: ако одлучат да ослабат, нивниот дух ќе им помогне да издржат до крај. За да ги задоволат своите апетити, треба да им се дозволат неколку слатки гревови.
Идеална диета: во текот на диетата да пиете повеќе течности, најмалку две литри дневно, растителни и овошни чаеви. Пет оброци на ден ќе ги задоволите вашите потреби за храна. Наместо слатки, испијте коктел од банана: измешајте 150 мл млеко и една банана. Пијте чаеви кои поттикнуваат согорување на маснотиите – на пример, зелен чај.
Совет: внимавајте вашата исхрана да биде богата со диетални влакна. Главниот орган на Скорпијата се цревата и често страдаат од запек поради што треба да јадат многу влакна. На чинијата треба да имаат што повеќе мусли, интегрален леб, зеленчук. Овие намирници се здрави, а истовремено го поттикнуваат и метаболизмот.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците се многу друштвени. Најмногу сакаат да јадат надвор од домот, со пријателите во град. Навистина, ако се најдат сами во кујната ќе подготват за час нешто вкусно и едноставно. Нередовно се хранат, а ретките оброци често се пообилни отколку што би требало. Имаат среќа што многу се движат, поголем број од нив се занимаваат и со некој спорт, што придонесува за согорување на мастите. Меѓутоа, после секоја активност тие одат кон ладилникот.
Идеална диета: диетално мени на стрелците мора да содржи енергетски богати намирници. Рецептите треба да бидат што поедноставни. На стрелците им е многу важен појадокот, на пр. мусли без шеќер, два крекери со џем и нискокалоричен маргарин или парче интегрален леб со јајце.
Совет: во кругот на добри пријатели често се јаде многу повеќе отколку што би требало. Во ресторан земете месо или риба на скара и салата со диетален прелив. Така ќе уживате во друштвото и ќе се храните диетално.

ЈАРЕЦ

Јарците сакаат едноставност. Обожаваат едноставна и евтина храна. Јадењето не игра некоја особено улога во нивниот живот, затоа се малкумина оние кои имаат проблеми со прекумерната тежина. Меѓутоа, стресот и проблемите се компензираат со прејадување. Ако тоа е често, резултатот е видлив во огледалото. Јарците се многу самокритични и немаат самосожалување.
Идеална диета: јарците се скептични кон диетите. Со помош на мали едноставни оброци успешно ја редуцираат исхраната. Затоа нивниот програм на слабеење се состои од повеќе оброци дневно со задолжителни четири ужини: деликатес од интегрален леб со сирење, домати, босилок или јогурт.
Совет: движењето е многу важно за Јарците. Пред спиење направите неколку вежби за колковите и нозете.

ВОДОЛИЈА

Вашата иновативност и оригиналност ви овозможува да избраниот режим на исхрана да го адаптирате на себе, односно да го направите индивидуален така што малку ќе отскокнува од правилата. Ако ви здодее некоја идеја, ќе престанете да ја практикувате без да помислите ниту една секунда. Меѓутоа, ако некој начин на исхрана ви стане начин на живот, ќе се држите до тоа бескомпромисно. Сепак, немојте да претерувате, умереноста е клуч во сѐ.

Идеална диета: мали оброци одговараат на нивниот брз темперамент. Испланирајте слатка ужина, на пр. од јагоди. Помешајте 100 грама исчистени јагоди, 100 грама нискокалорично сирење, 2 супени лажици сок од портокал и прелијте со лажичка мед.
Совет: Заменете ги жестоките пијалаци, поинтензивниот алкохол со на пример, пијалак со ѓумбир. Водолиите владеат до циркулацијата на крвта во телото која ќе биде подобра ако избегнуваат алкохол, додека ѓумбирот ја стимулира.

РИБИ

Рибите не се избирливи. Ќе јадат тоа што им е при рака, што потоа ќе доведе до повеќе килограми. Тоа особено доаѓа до израз во стресни ситуации или кога имаат љубовни проблеми. Рибите не се многу дисциплинирани, не успеваат да ја спроведат диетата до крај и многу лесно ќе заборават на неа ако на пример пријателите ги повикаат на вечера.
Идеална диета: исхраната со многу течности е идеална за рибите, најмалку три литри дневно. Размислувајте за тоа дека топлите напитоци повеќе ќе ве заситат од студените. Пијте растителни чаеви, вода или лимонада. Доволно е да земате пет оброци дневно. Гладот секогаш можете да го залажете со интегрални грицки или снегулки. За вечера подгответе супа од домати.
Совет: на Рибите им е важно да се чувствуваат сито, затоа што не поднесуваат глад. Добар трик е често да пиете течности, па нема да чувствувате глад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот