Диета со млечни производи за брзо топење на килограмите

Ако сакате брзо да ги загубите килограмите, а при тоа не можете да се откажете од млечните производи кои се забранети во Аткинс или Кето диетата, млечната диета е идеална за вас.

Повеќе истражувања објавени во списанието International Journal of Obesity потврдуваат дека добриот внес на калциум резултира со намалување на обемот околу струкот, индексот на телесната тежина и воопшто намалување на масното ткиво. Во истото списание претставени се и клинички докази кои го потврдуваат механизмот на губењето на телесната тежина со внес на калциум во организмот. Според нив, калциумот ја намалува телесната тежина на тој начин што ги врзува мастите од дигестивниот систем, а го зголемува нивното разградување и отстранување од телото.

Тврдењето дека калциумот ја намалува телесната тежина оди подалеку кога се објавени неколку истражувања според кои токму калциумот од млечните производи доведува до најдобри резултати. Лицата кои дневно конзумираат 3-4 сервирања на млечни производи имаат подобри резултати во диетата отколку лицата кои калциумот го внесуваат преку други извори, како на пример витамини.

Пример на мени за млечната диета

Држете ја диетата седум дена, а потоа со пауза од неколку дена, по потреба, повторете ја.

Пред секој оброк испијте по чаша негазирана минерална вода. Секој оброк базирајте го на млечни производи, како – млеко, јогурт, кисело млеко, кефир, сирење (сите видови), урда, кајмак, путер, јогурт со овошје (но, избегнувајте го готовиот овошен јогурт зашто е полн со шеќери), кашкавал, павлака…

Дозволени намирници – сите видови на млечни производи, кафе и чај без шеќер, до две кришки интегрален леб дневно, јајца (подготвени на секаков начин), пилешко месо, риба, свежа салата, сезонско овошје (до две парчиња дневно), овесна каша со јогурт или млеко (една порција дневно).

Пример бр 1.

Појадок -1 јогурт, 1 банана, чај без шеќер или кафе без шеќер.

Ужина – 1 овошје по желба и чаша јогурт

Ручек – 100 грама овесна каша во млеко, 200 грама сирење, 1 шоља млеко.

Вечера – 1 варено јајце, салата од краставици, павлака или младо сирење и 1 шоља кисело млеко.

Пример бр.2

Појадок – 1 чаша млеко, парче тост со путер, чај или кафе без шеќер.

Ужина – чаша јогурт или кисело млеко и парче сирење или кашкавал.

Ручек – Кајгана со 100 грама кашкавал, 1 јогурт, зелена салата или салата од краставици

Вечера – Печено пилешко месо, парче сирење, салата, 1 јогурт или чаша млеко.

Совети

Во текот на диетата со млечни производи би требало да избегнувате поголем физички напор. Добредојдени се прошетките. Во текот на диетата, млечните производи може да ги заменувате по желба, на пример – наместо јогурт да земете сирење или павлака, бидејќи сите млечни производи се добредојдени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот