Диди се подготвува за судењето: Контроверзниот рапер повеќе не е под надзор поради закана за самоубиство

Диди / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Раперот Шон Комбс, во јавноста попознат како Диди, набргу откако беше уапсен беше ставен под надзор поради опасност од самоубиство, но сега наводно веќе не е под тој надзор, пренесува „Пипл“.

Имено, контроверзниот рапер во последните денови добивал посети од неговите роднини, а адвокат од неговиот тим изјавил дека тој е „фокусиран и многу силен“ и дека „се концентрира на својата одбрана и се подготвува за судењето“. Судењето на раперот треба да се одржи следниот месец.

Извори претходно изјавија за „Пипл“ дека раперот бил ставен под надзор поради можно самоубиство бидејќи по апсењето не било јасно каква е психичката состојба на Диди и дали е во шок.

По многубројните обвинувања за сексуална злоупотреба, силување, рекетирање и друго, раперот во петокот беше обвинет и од жена која тврди дека неколку пати ја силувал и ја дрогирал и дека ја натерал да абортита откако останала бремена. Покрај раперот, таа ја тужеше и неговата компанија, неколку соработници, а од нив бара отштета за физички повреди, емоционален стрес, понижување, вознемиреност и друго.

Подемот и падот на Шон Комбс: Одбиена кауцијата од 50 милиони долари, останува во притвор, а му се заканува доживотна робија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот