Диди на злогласните „бели“ забави имал вага и посебни услови: Девојките не смееле да тежат повеќе од 64 килограми!
Музички0т магнат Шон Диди Комбс наводно користел вага за да се осигура дека гостинките на неговите злогласни „бели“ забави нема да тежат повеќе од 64 килограми. Тој барал од нив да се измерат пред забавите, пишува „Пејџ сикс“.
„Организиравме мерење доколку е потребно“, изјавил поранешен организатор на забава, кој соработувал со раперот во 2004 и 2005 година. „Девојките мораа да бидат млади и згодни, така што секогаш имав вага во близина. Тие не смееја да тежат повеќе од 64 килограми, но ако девојката беше навистина висока, тогаш правевме некои отстапки“, додал тој.
Уште една организаторка на забавите на Диди рекла дека жените не смееле да имаат целулит и премногу пирсинг или тетоважи. Таа тврди дека девојки со кратка коса исто така не смееле да доаѓаат на забавите на Диди. Што се однесува до облеката, вели, требало да биде прилагодена на забавата.
„Никакви панталони, фармерки и рамни чевли. Секоја девојка мораше да носи фустан, по можност многу краток, доволно долг за да ѝ го покрие задникот. Мораа да го покажат деколтето, да носат високи потпетици, без исклучок“, објаснила организаторката и признала дека Диди никогаш не ги прашувал гостите за нивната возраст.
Организаторите тврдат дека не знаеле што се случувало на тие забави и дека девојките кои доаѓале никогаш не зборувале за тоа.
Да потсетиме, Диди беше уапсен во Њујорк, се наоѓа во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално злоставувал луѓе и ги терал да учествуваат во секс-забави и да се дрогираат користејќи закани и насилство.
За помалку од 24 часа, 12.000 наводни жртви на Диди и сведоци контактирале со познатиот американски адвокат. Комбс се изјасни за невин по обвиненијата и е задржан во притвор во очекување на судењето.
Шон Диди Комбс е обвинет за дрогирање и силување на 10-годишно момче во новата тужба поднесена во понеделникот.