Дибиров за судбината на Вардар: Не можам да сфатам како го оставаат да исчезне!

handball.motorsich.com

Русинот се надева дека ќе се најде крај на финанските проблеми, и дека очекува одговори од првиот човек Сергеј Самсоненко…

Руското лево крило на Вардар, Тимур Дибиров во интервјуто за специјализираниот веб портал „Балкан хандбал“ вели дека единствениот проблем во последно време е што не можат играчите да состават тренинг како што треба.

Дибиров со своите тимски колеги се подготвува за последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, односно в сабота противник е Монпелје од Франција.

Ракометарот на „црвено-црните“ доби прашање прашање: „На што личи Вардар овие денови?“, еве што одговори:

– Единствениот проблем во последно време е што не можат играчите да состават тренинг како што треба. Резултатите се само последица од тоа. Доста играчи си заминаа, тоа е нивниот избор и тоа мораме да го почитуваме. Момците кои си заминаа го дадоа максимумот за Вардар, некои повеќе, други помалку, но заслужуваат почит.

Нашиот проблем е што немаме доволен број на играчи за тренинг, уште доколку зафати некој вирус или ситна повреда, особено, го нема. Тренираме „два на два“ или „три на три“. Нема доволно играчи, тоа е огромен проблем, последните четири-пет месеци нема квалитетна работа на тренинзите.

-Самсоненко мора да плаќа поради туѓи ветувања-

Дибиров доби прашање дали можеше да поверува во онаа „лудница“ – еуфорија после враќањето од Келн минатиот јуни, од повисоките политички институции ви ветуваа дека клубот ќе се стабилизираа, дека вакви приказни ќе се зборуваат осум месеци подоцна, во февруари…

– Нема шанси. Доколку постоеше некој шанса сето ова да се спаси, беше тоа да ја освоиме Лигата на шампионите. И кога ја освоивме, луѓето рекоа дека Вардар ќе опстане, а тука не зборувам за луѓето од клубот, туку за моќните луѓе во државата. Рекоа дека имаме поддршка и дека нас никогаш нема да не остават. Останавме, делуваше сето тоа како сон. Знам дека има луѓе на кои не им е сеедно, има многу навивачи кои го сакаат Вардар, кои од срце навиваат секој натпревар, но народот не може да ја промени оваа ситуација- вели Русинот.

Колку пати треба да каже „помогнете му на Вардар“?

Дибиров доби прашање, тоа го рече пред неколку недели?

– Така е. Сега тргнува негативно по него, бидејќи не дава изјава. А до кога повеќе да бара јавна поддршка. Колку пати? Дали воопшто треба да ја бараш кога со направил такви резултати? Ние го разбираме, имаме голема почит спрема него, но политички игри, неговиот бизник, сето тоа, ние како играчи не би требало да зависиме од тоа. Имаме свои кариери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот