Дибиров: Среќни сме што сме на терен, со нетрпение го очекуваме дуелот со Нексе

epa08842354 Lomza Vive Kielce's Artsem Karalek (L) and HC Vardar 1961's Timur Dibirov (R) in action during the EHF Champions League group A handball match between Lomza Vive Kielce and HC Vardar 1961 in Kielce, Poland, 25 November 2020. EPA-EFE/Piotr Polak POLAND OUT

Ракометарите на Вардар со победата над Војводина пред два дена ја отворија годината, а веќе во февруари ги очекува пеколен ритам. Вардарци наредниот месец треба да одиграат дури 11 натпревари, а првиот ќе го играат веќе во понеделник, на 1. февруари (20.15 ч.) против Нексе во СРЦ „Јане Сандански“ во рамки на СЕХА лигата.

– Очекувам тежок натпревар против Нексе, затоа што последен пат не одигравме добро и на начин на кој посакуваме. Сега сакаме да покажеме друго издание од почетокот на сезоната. Нексе има нов тренер, ќе има промени на игра. Ние сме подготвени на старата тактика, но сигурно дека ќе има нешто ново од стилот на Тамше. Не очекува квалитетен натпревар, но наша работа е да го наметнеме нашиот стил на игра и од меч во меч да сме се подобри. Среќни сме што сме на терен, за нас секој меч е големо задоволство затоа што за нас како спортисти тоа е многу важно. Со нетрпение го чекаме дуелот со Нексе – вели одличното крило на Вардар, Тимур Дибиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот