Дибиров: Со солзи во очите ќе си одам од Македонија

EPA/GEORGI LICOVSKI

„Тешко ќе си заминам од Македонија и веројатно тоа ќе биде со солзи. Македонија и Вардар ми донесоа толку многу среќа и радост, не само мене, туку и на моето семејство. Вардар секогаш ќе биде дел од мене“, им изјави Дибиров на руските медиуми по повод шокантната објава на сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко дека нема повеќе да го финансира тимот кој во 2017 година триумфираше во Лигата на шампионите.

Рускиот репрезентативец кој од 2013 година е дел од Вардар и е еден од најдобрите ракометари на клубот, окрива дека сите биле шокирани од од одлуката на сопственикот.

– Се што знаевме беа само шпекулации за заминување на Сергеј, па не верувавме во такви работи. Јас сум навикнат да верувам само на проверени информации од официјалниот сајт на клубот. Некако бевме сигурни дека во Вардар се е нормално. Ова за нас беше брзо и неочекувано. Добивме повик во групата и директорот Давор Стојановски ни кажа дека проектот „Вардар“ завршува на крајот од оваа сезона. Тоа не изненади. Но што можеме ние тука, професионалниот спорт бара сериозни финансиски вложувања. Животот продолжува понатаму, веројатно има објективни причини за да се случи ова. Сергеј Самсоненко се уште не се сретна со нас, но верувам дека и тоа ќе се случи наскоро – вели Дибиров.

Дибиров уверува дека новонастанатата ситуација во Вардар нема да влијае на игрите на ракометарите, немаат намера да се предадат и ќе сторат се да го елиминираат ПИК Сегед и да обезбедат ново учество на завршниот турнир во Келн.

– Ние сме професионалци. Ги чекаме двата дуели против ПИК Сегед и ќе направиме се за да обезбедиме пласман на Ф4, иако ова секако ќе влијае на психолошки план. Ќе бидеме будали, ако после ваква добра работа сезонава, се предадеме пред најважните мечеви. На 25 април ќе биде последен меч на овој Вардар во нашата сала, пред најдобрата публика на светот. Сите билети се продадени и не смееме да одиграме лабаво – потенцира Дибиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот